ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Отворен оган во градинка во Тајланд, најмалку 32 лица загинаа

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку 32 лица загинаа во Тајланд каде поранешен полицаец отворил оган во градинка во Нонг Буа Ламфу, јави Би-Би-Си.

Полицијата потврди дека меѓу загинатите има деца и возрасни. Наводно, повеќето од жртвите биле деца. Напаѓачот, за кој се вели дека ги нападнал жртвите со нож и огнено оружје, е во бегство.

Тамошните медиуми пишуваат дека напаѓачот е Пања Камраб (34), неодамна отпуштен од полициската служба, наводно поради проблеми со дрогата.

Мотивите за нападот не се познати.

Полицијата ги советува граѓаните да бидат внимателни. Велат дека напаѓачот побегнал со бело комбе. Итната помош е на терен и им помага на повредените.

Шефот на тајландската полиција пристигнува во областа на масакрот и им наредил на сите единици да се вклучат во потрагата по напаѓачот, пренесува ThaiRath.

На социјалните мрежи се појавија првите видеа пред градинка во Тајланд.

На видеата се гледа шокантна ситуација пред градинката, многу луѓе, најверојатно родители, се гушкаат со деца, додека други вриштат.

Слични содржини