ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Палестинците во Газа ги закопуваат жртвите во масовни гробници

од Stefanija Kuzmanovska

Хамас го започна својот најголем напад врз Израел во последните години во саботата, 7 октомври, отворајќи жесток налет на ракетни истрели од Појасот Газа додека вооружени лица ја преминаа границата.

Израелската влада прогласи „воена состојба“ поради израелско-палестинскиот конфликт во неделата.

Израел денеска, 16 октомври, објави дека нема прекин на огнот во јужниот дел на Газа, иако безбедносни извори во Египет соопштија дека е постигнат договор да им се дозволи на странците да ја напуштат опколената палестинска енклава и да донесат хуманитарна помош.

Бомбардирањето на Газа, под водство на Хамас, продолжи во текот на ноќта, а жителите велат дека тоа е најтешкиот удар досега во последните девет дена од конфликтот.

На социјалните мрежи кружи видео објавено од страната Middle East Eye на кое се гледа погребувањето на Палестинците во масовни гробници по израелските воздушни напади.

Слични содржини