Рано во петокот, на 28 април, се огласија предупредувања за воздушен напад ширум цела Украина, а беа регистрирани и ракетни напади во неколку градови во далечните региони, вклучително и во Киев, во кој досега загинаа најмалку пет лица, вклучувајќи и тригодишно дете.
Млада жена и тригодишно дете загинаа во рускиот напад на украинскиот град Дњепар, објави на Телеграм градоначалникот на тој град Борис Филатов, без да даде дополнителни детали за нападот или за други штети и жртви.
На социјалните мрежи се објавени фотографии од запалена станбена зграда во Уман, град во централна Украина, погодена од руски проектил.
Една млада девојка од тој град го снимила моментот откако првата ракета ја погодила нејзината зграда.
«Ракета попала в наш дом. Мы все в крови. Ненавижу русских»
Жительница Умани снимает видео в первые минуты после попадания ракеты
Россияне этому радуются и гордятся своей армией. pic.twitter.com/LKUBSK8lzt
— Денис Казанський (@den_kazansky) April 28, 2023
Со крвава глава и во солзи младата девојка го снимила својот уништен стан.
„Проектил ни ја погоди зградата. Сите сме облеани во крв, па децата спиеја овде. Мразам Руси”, рекла девојката.