На социјалните мрежи кружат видеа кои го покажуваат напаѓачот кој денеска избоде наставник и повреди неколку други лица во средно училиште во Франција.
На снимката, која е направена во училишниот двор, се гледа како помлад маж мавта со нож во рацете додека се расправа со постар човек. Дотичниот учител подоцна бил убиен од напаѓачот. Како што сведочат самите ученици за локалните медиуми, наставникот се обидел да го спречи напаѓачот да влезе во училиштето.
„Наставникот се обиде да го смири и да нè заштити. Ни рече да излеземе, но не разбравме. Истрчавме, а некои се вратија горе“, рекол еден од учениците, додека други тврдат дека напаѓачот имал два ножа.
#BREAKING #France JUST IN! In France, an unknown person with a knife attacked a teacher at about 11 a.m. at the Gambetta secondary school in Arras.
The teacher was killed and several other people were injured.
The suspect was arrested by the police. pic.twitter.com/KkP1dODOVz
— The National Independent (@NationalIndNews) October 13, 2023
На видеото се гледа како напаѓачот се расправа и брка низ дворот неколку лица за кои се верува дека се вработени во училиштето. Еден од нив во еден момент зема столче во обид да се одбрани од напаѓачот, но тој го соборува на земја и го клоца.
Потсетуваме, нападот се случи денеска во градот Арас. Напаѓачот влегол вооружен во училишниот двор, а потоа влегол во училиштето извикувајќи Алаху Акбар. Еден наставник е убиен, а неколку луѓе се повредени.
Полицијата веднаш го уапсила напаѓачот, но и неговиот брат. Според „Фигаро“ и двајцата се по потекло од Чеченија.