(Вознемирувачко видео) Руси до смрт претепаа 22-годишен Италијанец во Шпанија

од desk2
110 прегледи

Шпанските власти уапсија тројца млади Руси кои се осомничени дека во Лоред дел Мар до смрт претепале млад Италијанец, пренесуваат агенциите.

Николо Чијати, дваесет и двегодишен Италијанец, бил брутално претепан пред десетици сведоци. Тој умрел на пат кон болница.

Чијати, кој живее во близина на Фиренца, во популарното одморалиште Лорет дел Мар бил со пријатели на одмор. Во петокот вечерта решиле да го посетат ноќниот клуб во кој момчето било убиено.

Наводната причина за дивјачкото претепување на момчето било тоа што во турканицата во клубот случајно турнал еден од насилниците.

„Беа како животни“, искоментирал еден од пријателите на несреќното момче. Пријателите во еден момент се обиделе да му помогнат, но и тие добиле по некој удар. Од друга страна, десетици луѓе стоеле од страна и снимале.

Според некои медиуми, осомничените Руси се азиланти во Шпанија. Некои медиуми јавуваат дека станува збор за Чеченци. Во меѓувреме на интернет се појави снимка од инцидентот која е прилично вознемирувачка.

https://www.youtube.com/watch?v=syOyIyti5HM