ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Јужна Кореја, загинаа девет лица

од Stefanija Kuzmanovska

Петкатница која била во фаза на рушење одеднаш паднала врз автобус во кој имало 17 лица. Осум лица беа тешко повредени, а девет загинаа.

Петкатница се урна во јужнокорејскиот град Гвангжу, на 270 километри југозападно од главниот град Сеул, во средата попладне. Паднала врз автобус.

Ужасна снимка покажува автобус со 17 патници закопани во урнатини и обвиткан во густ облак од прашина.

Службите за итни случаи биле испратени веднаш на местото на несреќата. Тие спасиле осум лица од автобусот, сите биле тешко повредени, а потоа откриле девет тела, се вели во соопштението на Националната противпожарна агенција.

Противпожарните служби соопштија дека службите за итни случаи се уште трагаат по други луѓе кои би можеле да бидат заробени под урнатините.

Засега не е јасно зошто се урнала зградата. Истрагата е во тек.

Сите работници биле евакуирани пред несреќата.

Слични содржини