Најмалку 141 лице загинаа во Индија откако мост стар 100 години се сруши и падна во реката Мачха.
Беа објавени и снимки од надзорните камери кои го покажуваат застрашувачкиот момент кога мостот се урива, при што стотици луѓе загинаа.
Голем број спасувачки служби се уште се на терен и ја испитуваат областа за потенцијално да пронајдат уште десетици луѓе кои исчезнаа при уривањето на мостот. Властите тврдат дека мостот може да издржи тежина од 120-125 луѓе, но очевидци тврдат дека во моментот на пукањето на мостот имало меѓу 450-500 луѓе.
Надзорните снимки покажаа како непосредно пред уривањето, поголема група луѓе се обиделе да го „занишаат“ висечкиот мост, поради што најверојатно тој пукнал.
Horrifying. CCTV images capture the #MorbiBridgeCollapse. Detailed visual timeline report on @IndiaToday. pic.twitter.com/JUHrgxmgbK
— Shiv Aroor (@ShivAroor) October 31, 2022