Вознемирувачко ВИДЕО: Со автомобил „покоси“ пешаци во Белград

425 прегледи

Седум лица се повредени во сообраќајна несреќа, што се случи пред неколку дена при судир на автомобил и камион во Миjаковац во Белград, а неодамна се појави вознемирувачка снимка од страшна несреќа.

На споменатото видео е прикажан моментот кога автомобилот, од силината на ударот, ги исекол пешаците на тротоарот. Видеото од надзорните камери на еден ресторан го покажува моментот кога возачот на автомобилот удрил во група пешаци, кои биле на тротоарот.

Според неофицијални информации, станува збор за помлада жена, која во моментот на несреќата била под дејство на алкохол.

Инаку, полицијата утврдува како се случила несреќата, по што ќе бидат познати повеќе детали за несреќата. Според сè уште неофицијални и непотврдени информации, жената, возачот на автомобилот, поминала на црвено светло.

Слични содржини