Најмалку пет студенти загинаа во Боливија откако паднаа од четвртиот кат од зградата на Универзитетот Ел Алто (УПЕА) во град недалеку од Ла Паз.
Несреќата се случила кога се срушила оградата на балконот.
На снимката се гледа како голема група студенти се собираат на балконот кога оградата попуштила.
„Досега имаме информации дека пет студенти загинаа, додека тројца се на интензивна нега“, рече министерот за внатрешни работи Едуардо дел Кастиљо.
Несреќата се случи во зградата на Факултетот за финансии каде студентите во тој момент имале состанок.
Најмалку осум студенти паднаа од терасата.