ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Таткото на киднапираната Израелка неутешен откако ја видел страшната снимка

од Stefanija Kuzmanovska
960 прегледи

Израелскиот Канал 12 објави шокантна снимка од таткото на Израелката Ноа Аргамани, која вчера беше киднапирана од припадници на Хамас.

Милитантите ја качиле на мотор додека таа плачела и викала: „Не ме убивајте, не, не, не“.

Напаѓачот управувајќи го мотоциклот потоа забрзал, а Ноа од тој момент повеќе не била видена.

Нејзиниот татко низ солзи зборувал за својата ќерка за еден израелски ТВ канал.

„Ми кажаа дека е објавено видео на кое се гледа таа. Таа е на мотор, а ми рекоа дека ја киднапирале и ја однеле во Газа“, рече тој.

Тој вели дека се надевал дека е грешка, се додека не му пришол човек во болница и не го прашал дали сака да го види видеото.

„Се согласив, и сега знам, сигурно е Ноа, таа е преплашена. Толку исплашена, а секогаш ја чував. Но, сега не можев да ја заштитам“, рекол мажот плачејќи.

Заедно со стотици други млади Израелци, Ноа и нејзиното момче Ави уживале на музички фестивал во пустината кога биле нападнати од членови на Хамас.

Десетици други Израелци, наводно, биле киднапирани на истата локација и однесени преку границата во Појасот Газа.

Слични содржини