ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Убиецот на грчкиот навивач Михалис имал тетоважа на вратот

од Stefanija Kuzmanovska
707 прегледи

Грчките медиуми објавија дека лицето кое со тврд предмет што личи на метална шипка го исекло Михалис Кацурис на левата рака, при што му ја пресекол артеријата поради што од големо крварење навивачот на АЕК почина, имал тетоважа на вратот.

Овој трагичен инцидент се случи во Атина за време на тепачката меѓу навивачите на АЕК и на хрватскиот Динамо Загреб минатата недела в очи на првиот натпреавр од 3. квалификациско коло во фудбалската Лига на шампионите меѓу овие два тима, по што средбата беше одложена и вечерва во Загреб ќе се игра првиот меч, а в сабота е реваншот.

Полицијата ги проверила сите уапсени, но повеќемина од нив имале тетоважи на вратот и сепак ДНК примероците ќе треба да потврдат точно кој од нив му ја нанел смртоносната повреда на Михалис минатата недела, при судирот на навивачите на Динамо Загреб, потмомогнати од симпатизерите на Панатинаикос, наспроти групата навивачи на АЕК во Атина.

Лошиот квалитет на снимката е причина што не може да се види што точно има истетовирано момчето облечено во црно кое го прободе Михалис, кој носел сина маица, па затоа останува отворена опцијата дека навивач на АЕК по грешка го прободел мислејќи дека Михалис е навивач на Динамо, затоа што носел маица во боите на загрепскиот клуб.

Слични содржини