ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Украинци ги собираат телата на нивните паднати соборци по битка

од Stefanija Kuzmanovska

На социјалните мрежи е објавено вознемирувачко видео снимено на фронтот во близина на источниот украински град Бахмут.

На видеото кое е снимено од извидувачки дрон, наводно се гледа како припадници на украинската армија ги собираат телата на нивните паднати соборци по битка. Се гледаат тројца војници како излегуваат од возило и го ставаат телото на загинат војник во приколка.

Застрашувачки е што во приколката на камионетот веќе има толку многу тела на загинати војници што е невозможно да се избројат.

„Собирање на телата на загинатите припадници на вооружените сили на Украина во близина на Артјомовск (руското име за Бахмут). Собраа полн камионет“, пишува во објавата под видеото на Телеграм.

Засега не се знае точно кога е направена снимката. Засега нема потврда дека се работи за украински војници, а од Киев официјално не се изјасниле за видеото.

Слични содржини