ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Во Задар среде улица извадена зоља, се огласи полицијата

од Stefanija Kuzmanovska

Вознемирувачка сцена е снимена на почетокот на неделата во Задар, каде сопатник во автомобил држел ракетен фрлач. Полицијата поврзува група мажи со обид за грабеж на банкомат и грабежи на викендица и црква.

Младиот човек додека се возел во автомобил држел зоља во рацете.

„Во тој момент минуваа покрај полициската станица“, вели сведок за „24сата“.

Задарската полиција соопшти дека младиот човек бил поврзан и со обид за грабеж на банкомат и со грабежи на викендица и црква.

Во понеделникот во 03.25 часот во полиција било пријавено дека во Сукошан на улица „Др. Фрање Туџман“ бил извршен грабеж од непознати сторители. Оштетена е вратата од банкоматот, но парите не се украдени. Истиот ден, околу 14.00 часот, на подрачјето на Булевар во Задар, полицијата пронашла автомобил со сплитски регистарски таблички, управуван од 21-годишен маж, додека сопатник бил малолетен хрватски државјанин, а се поврзани со извршување на кривичното дело.

Возачот и сопатникот се приведени во службените простории на полицијата додека автомобилот бил пренесен во полициска станица.

„Исто така, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело, во службените простории на полицијата е донесен уште еден малолетник хрватски државјанин. Во кривичната истрага, по наредба на надлежниот суд во Задар, извршен е претрес на автомобилот, при што е пронајден и одземен еден рачен ракетен фрлач без полнење“, соопштија од полицијата.

Слични содржини