Поради бојкот поради неисплатениот втор дел од платата за јуни годинава, машинскиот персонал во Железници Транспорт ќе бојкотира, со што по 16 часот нема да ги извршува работните задачи.
-Одлуката е донесена на денешниот собир на машиновозачите и помошниците, а бојкотот значи дека нема да тргнат патничките и товарните возови по 16 часот денеска. Во возниот ред за попладне, се предвидени сообраќања на возовите на релацијата Скопје-Гевгелија и Скопје-Велес, како и неколку товарни возови, изјави за МИА Тони Димовски, претставник на машинскиот персонал во ЖРСМ Транспорт.
Тој вели дека ги контактирале Министерство за транспорт и врски и Агенцијата за железничи сообраќај, платата да биде исплатена до 25 наредниот месец или да ги извести менаџерскиот тим дека ќе доцни платата, но се уште не биле известени.