Возрасен скопјанец тешко повреден откако паднал од автобус

од Nikola Popovski
211 прегледи

Повозрасен скопјанец е тешко повреден откако паднал во автобус на ЈСП, информираа од МВР.

На 15.06.2023 околу 16.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Јане Сандански“, во автобус на ЈСП, при возење паднал патникот Ж.Г.(72) од Скопје.

По несреќата, Ж.Г. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Слични содржини