Вработен во казино играл на апарати со прометот

од Nikola Popovski
39 прегледи

Поднесена е кривична пријава против вработен во казино поради сторено кривично дело „затајување“.

Според тетовската полиција, 31-годишнот Б.И. потрошил 50.000 денари од прометот во казиното, играјќи на апарати.

„Тој на 17.07.2024 во спортска обложувалница, во која пријавениот бил вработен, играл на апарати, при што потрошил 50.000 денари од прометот“, пишува во полицискиот билтен.

Слични содржини