497
Компанијата „Макстил“ ја информира јавноста дека денеска во утринските часови се случила несреќа во нивниот производствен погон каде животот го загубил еден вработен.
Според „Макстил“ веднаш биле алармирани сите надлежни служби кои направиле записник од настанот и е започната истрага за причините за несреќата.
-Макстил ги отстапува сите свои човечки и материјални ресурси, за помош во истрагата за откривање на причините за оваа несреќа. Нашите мисли и целосна поддршка се со семејството на нашиот колега, велат од компанијата.