Вработен во обложувалница извадил 650.000 денари од прометот и му ги дал на друго лице да игра на апарати

од Nikola Popovski
264 прегледи

Вработен во обложувалница земал голема сума на пари од прометот и му ги дал на друго лице за да игра на VLT-апаратите на истото работно место, информираа од полицијата.

Според пријавеното, на 15.12.2022 во Полициската станица Центар бил извршен службен разговор со М.С.(24) од Скопје.

Тој се сомничи дека во обложувалница на ул.„Народен фронт“, каде што е вработен, се послужил со пари кои што му биле доверени и му ги дал на лицето З.К. од Скопје. Во разговорот тој го признал делото и дека во повеќе наврати му дал вкупно 650.000 денари да ги користи за игра на апаратите во обложувалницата.

За случајот бил известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини