Вработен во Општина Карпош променил брави во простории на Општината

од desk2
109 прегледи

Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски вчера во полиција пријавил дека вработен во администрацијата ги променил бравите на просториите на архивата и на комисијата за јавни набавки.

– Вчера во 14.40 часот, С.Ј., градоначалник на Општина Карпош, пријавил дека А.З. вработен во администрација во Општина Карпош, без никакво овластување и знаење ги земал клучевите од просториите на архивата и на комисијата за јавни набавки и во текот на изминатото деноноќие неовластено ги променил бравите, при што општинската администрација нема увид и пристап до архивата и комисијата за јавни набавки на општината, соопшти Министерството за внатрешни работи.