Вработен во верски објект (70) физички нападнал 66-годишна жена

Случајот е документиран, и против сите инволвирани ќе бидат поднесени соодветни пријави

од Vladimir Zorba
49 прегледи

Во Секторот за внатрешни работи Велес вчера била пријавена тепачка во верски објект.

Инцидентот се случил околу 15:30 часот во дворот на верски објект во Велес. Според информациите, по кратка расправија, 70-годишниот Д.Б. од Велес, вработен во верскиот објект, физички ја нападнал 66-годишната Н.Р. од Велес. Потоа, Д.Б. бил физички нападнат од 66-годишниот И.Л. и 34-годишниот С.Л., двајцата од Велес. Случајот е документиран, и против сите инволвирани ќе бидат поднесени соодветни пријави.

СВР Велес работи на целосно расчистување на инцидентот.

Слични содржини