Вработен во Зоолошката градина: Насетувам повторување на крвавиот масакр, Арсовска да дојде за да најдеме решение

од Nikola Popovski
574 прегледи

Негователот Војо Иванов, кој работи во скопската Зоолошката градина, апелира до градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска да најде решение со случувањата во ЗОО Скопје, во однос на претходниот крвав масакр на коњи и разрешувањето на сега веќе поранешниот директор Кристијан Стаменов.

-Колеги веќе ги гонат кривично за извршување наредби, затоа да ве потсетам дека насетувам повторување на слично дело и одбивам да бидам во слична состојба како нив и затоа ви најавувам и молам за брзо решение, доколку сте во можност, стоиме на располагање со група вработени, пишува вработениот во Зоолошката градина.

Тој потенцира дека не бара титула или покачување, но порачува дека им треба директор кој ќе ги остави да работат со животните, а не „да ги тера да чистат паркинзи и тоалети“.

-Директор што ќе има слух за вработените и животните! Директор што на Зоолошката ке гледа како на установа од која треба првенствено да направи дом за животните- а не луна парк. Знаме дека се соочувате со технички проблеми, но само заедно може да дојдеме со решение. Најдете време и дојдете, од бараките за 10 минути пеш сте до кај нас, стои меѓу другото во статусот на Иванов, насочен кон Арсовска.

Стаменов во изјава за медиумите истакна дека коњите и мазгите биле „животни кои ги добиле од Агенцијата за запленет имот, при акции за фаќање дрвокрадци и шверцери“.

-Наспроти сите јавни пишувања на поединци морам да истакна дека ова не е прв случај, вакви случаи во минатото се бројни и лично сум учествувал како зоо-негувател во ваква постапка и во времето на претходниот директор на Зоолошката градина. Крајно лицемерна е осудата која доаѓа кон мене токму од истите лица кои ова економско искористување го имаат и самите правено и тоа не само на коњи, туку и на останати животни. Пример за тоа е жирафата која е дадена како храна за лавовите, изјави Стаменов откако беше разрешен од функцијата.

 

Слични содржини