Вработена во Велешката болница била заклучена, малтретирана и испрскана во очи со средство за чистење

По пријава на 55-годишна велешанка дека е нападната на работно место вчера е лишен е од слобода М.П. (31) од Велес, информираат од Велешката полиција

од Nikola Popovski
28 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

По пријава на 55-годишна велешанка дека е нападната на работно место вчера е лишен е од слобода М.П. (31) од Велес, информираат од Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес.

Жената пријавила дека М.П. ја заклучил на работно место во здравствена установа во Велес. Тој кршел предмети, физички ја нападнал и се заканил со остар предмет и со средство за чистење ја испрскал во очите. Според полицијата, М.П. е задржан во полициска станица, а за случајот е известен јавен обвинител.

По документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.