Вработените од „Колска“ на протест пред Влада: „Ако дојде до затворање, 74 луѓе одат дома“

од Nikola Popovski
279 прегледи

Вработените од фабриката за шински возила „Колска“ денеска протестираат пред Владата, барајќи да се одблокира сметката на компанијата поради заостанат долг од околу 650 илјади евра направен за периодот од 2013 до 2017 година.

-Веќе еден час пред Влада сме на протест. Чекаме некој од надлежните да не прими, да му ги кажеме нашите проблеми. Сите се запознати со проблемите во „Колска“, ама решение нема. Затоа денеска сме пред Влада, за да ни кажат што понатаму со фабриката. Дали „Колска“ ќе работи и под кои услови. Ако не, дали понатаму следи затворање или стечај, не знаеме. Да ни кажат, со тоа што ако дојде до затворање на фирмата, 74 луѓе одат дома и ги губат работните места. Ако запреме со работа, многу јасно дека возилата на Македонски железници ќе си ги сервисираат во други држави и ќе има излив на девизи по други држави, изјавија од синдикатот на фирмата пред Владата.

Вработените бараат од УЈП итно одблокирање на сметката за да можат да набават репроматеријали и да можат да платат струја и други комунални трошоци.

„Колска“ е единствена фабрика со ваква намена во земјава која порано беше во состав на Железници. Преостанатите 70 од некогашните 350 вработени со години бараат повторно да бидат во состав на Железници.

Слични содржини