Вработените во Фондот за здравство денеска во 11 часот ќе излезат на предупредувачки протест поради незадоволството за не усогласувањето на платите со растот на минималната плата, соопшти Синдикатот на УПОЗ.
Штрајкот ќе започне на први јуни, а тоа да не се случи вработените бараат во текот на мај управниот одбор да биде разрешен и да се постават нови членови кои ќе дозволат да се усогласат платите на вработените, односно примањата да не им се намалуваат од 1-ви јуни.
Станува збор за сума од 2.400 денари.
Вработените во ФЗО штрајкуваа и пред три месеци, но штрајкот беше ставен во мирување по одлуката да не им се намалат платите.