Вработените во ЈСП денеска ја добиле платата за месец јули, по што се откажуваат од најавените протести за утре. Ваквата информација доаѓа од претседателот на еден од трите репрезентативни синдикати на ЈСП Скопје.
Синдикатите денска пред влезот на просториите на Град Скопје барале прием и средба со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, за решавање проблемот со задоцнетите плати, но до разговор не дошло. Сепак платите им биле пуштени на сметките.
Колку за потсетување, во октомври минатата година, вработените во јавното претпријатие исто така не излегоа да возат, бидејќи ЈСП им доцнеше со исплатата на плати во законскиот рок. Сепак состојбата се реши, а автобусите продолжија да сообраќаат по скопските улици.
Минатата година дојде и до протест на приватните превозници, кои подолг период не возеа. Сето ова доведе до метеж, нередовни автобуси и многу нервози кај скопјани, а токму бесплатен и уреден јавен превоз беше едно од клучните предизборни ветувања на Арсовска.