ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека и покрај изгласаните субвенции, вработените во ЈСП Скопје се уште не ја добиле декемвриската плата. Го обвинија Синдикатот во ЈСП дека е „политички инструиран“.
-Три месеци по изгласаните 120 милиони денари субвенции за исплата на декемвриската плата, и два дена по изгласувањето на 700 милиони денари за исплата на плати за цела година, и денес вработените во ЈСП немаат плата.
Прашање до разбојничкото раководство на градот и ЈСП, Арсовска и директорот Крсте Петревски, и коалиција СДС, ДУИ и Левица, зошто не ги барате парите кои владата ги должи на ЈСП, и зошто ЈСП нема за плати? Каде се парите за плати? Прашање до инструираните синдикати на ЈСП, ќе побарате ли одговори и одговорност од раководството на ЈСП и градот Скопје, стои во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Автобускиот превоз се нормализира, но сепак неизвесно е каде се двата милиони денари поради што советниците во Град Скопје од опозицијата не гласаа за одлуката за субвенции, со став дека распределбата на парите веќе се изјасниле во октомври.
Според менаџментот, само за нафта ЈСП троши месечно помеѓу 45 и 50 милиони денари. Кога ќе се соберат сите трошоци што компанијата ги има, сумата е околу 100 милиони, а претпријатието, вели директорот, располага со 75.000 милиони и не може да ги покрие основните трошоци.