Вработените во Министерството за финансии се заканија со масовни штрајкови

од Nikola Popovski
189 прегледи

Синдикатот на вработените во Министерството за финансии изрзува големо жалење во врска со последните случувања со зголемувањето на платите на вработените.

-Имено пред извесен временски период се донесе Закон за буџети со политички консензус од сите пратенички групи, со кој се предвидува зголемување на платите на сите вработени во Министерството за 30%. Министерот за финансии, Г-дин Фатмир Бесими тврди дека тоа покачување се однесува само за определен сектор – Секторот за буџети, а не за сите вработени. Во таа насока на денешната седница на Законодавно-правната комисија, владата сака да прошверцува автентично толкување на одредбата од чл.66 од Законот, со кој што сака да го ограничи правото на покачување само на дел од вработените.

Ова е огромен скандал каде што зад очите на јавноста, без консултации со вработените и синдикатите сакаат да го скратат она покачување што законски ни следува на сите вработени во Министерството, велат од Синдикатот.

Од таму додаваат дека одредбата од чл.66 во Законот е јасна и предвидува зголемување на платите на сите вработени во Министерството.

-Доколку не се зголемат платите на сите вработени во Министерството како што предвидува Законот, ние како вработени ќе пристапиме кон масовни штрајкови, соопштуваат од Синдикатот на вработените во МФ.

Слични содржини