Вработените во обвинителствата на штрајк, бараат зголемување на платите за 78%

од Nikola Popovski
307 прегледи

Денеска почна штрајк на вработените во сите јавни обвинителства, кои бараат повисоки плати и додатоци на плата. Засега ќе работат само итни и недложни работи, а штрајкот ќе трае сè до исполнување на нивните барања.

„За време на одржување на штрајкот вработените во јавните обвинителства нема да работат ниту ќе бидат на своите работни места. Штрајкот ќе се спроведува во салите за состаноци на обвинителствата, холовите, заедничките простории или пред зградите на Јавните обвинителства“, истакна Трпе Деаноски, претседател на Синдикатот на УПОЗ.

Се бара зголемување на платите за 78 отсто и враќање на додатоците на плата во висина од 35 отсто.

Претседателката на Синдикалната организација, Изабела Илиева, вели дека обвинителствата се специфична служба, а платите мали.

-Платите кај нас се во просек 22 илјади денари, а револтот се јави, и Владата сама си го предизвика овој штрајк бидејќи разликата во плата дојде еден наспроти шест со сите функционери. Ние разбираме дека Уставен суд го одлучи сето тоа и дека тоа е законски. Меѓутоа, во истиот ден да ги скратиш додатоците на плата, кои за организиран криминал изнесуваа 35 отсто, што на 22 илјади не е малку пари, а за сите други е само пет отсто и тие ги скратија во истиот ден и не оставија само на плата, рече Илиева.

На протестот се приклучија вработените во сите 28 обвинителства во земјава.

Слични содржини