Вработените во „Улици и патишта“ излегоа на протест, немаат добиено плати и К-15

од Nikola Popovski
30 прегледи

Вработени во Јавното претпријатие Улици и патишта, утрово протестираат поради неисплатени плата и К-15. Протестирачите изразуваат незадоволство од одложувањето на овие исплати и бараат брзо решавање на нивните работнички права.

Протестот се одржува пред просториите на администрацијата на Град Скопје. Организиран е од Независниот синдикат во јавното претпријатие, при Конфедерација на синдикални организации на Македонија, КСОМ.

Уште претходно, поради неисплатени плати, вработените во јавното претпријатие најавија дека ќе штрајкуваат и своето незадоволство ќе го изразат носејќи на целата механизација пред просториите на Град Скопје. Посочуваат оти ЈП „Улици и патишта“ има долг од 240 милиони денари кон добавувачите на материјали, што, како што наведуваат, е причина што тие не се испорачуваат. Додаваат оти претпријатието се соочува со недостиг на основни средства како нафта, ризла, тампон, рабници и слично.

Слични содржини