Во АД ЕСМ од почетокот на 2020 година до крај на 2023 година бројот на вработени се намалил за 1190, од кои над 76% биле со работни места во производствениот процес, а над 23% административни работни места, соопштија од компанијата.
Според компанијата, најголем процент од оние кои заминале, бил по основ одење во пензија, но и поради други причини вклучувајќи го и заминуавњето во приватниот сектор.
-Изминатата година кога се соочивме со енергетската криза, се осети сериозна потреба за нови вработени особено во делот на производство на електрична енергија. Потребите за електрична енергија се исти и поизводството е потребно да продолжи со исто темпо, да остане сигурно и стабилно, а за тоа се потребни стручни лица кои ќе го овозможат. АД ЕСМ има најголема потреба од вработени во производствениот процес и останат помошен персонал, токму затоа над 87% од огласите за врабтување се однесуваат токму на ваков кадар, само 12% се однесуваат за работни места во административниот дел, но во функција на производствениот процес, велат од ЕСМ.
Ваквата реакција следува откако ЕСМ распиша огласи за вработување на над 500 лица. Во огласот се наведува дека имаат потреба од хаус-мајстори и возачи, до инженери и електричари, а платите се движат од 30.000 до 60.000 денари.