Врачување на првите мобилно издадени патни исправи во Њу Џерси

од Vladimir Zorba
291 прегледи

Во Генералниот конзулат на Република Северна Македонија во Њу Џерси, САД следува врачување на првите 80 мобилно издадени патни исправи, со што се одбележува ефикасниот почеток на новата постапка за издавање на пасоши и за нашите државјани кои живеат во Северна Америка.

Над 130 наши државјани сликани во Конзулатот овој месец, по воспоставувањето на базната станица, ги споделуваат своите искуства, препорачувајќи им на сите сограѓани, доколку им е потребно, да ги обноват пасошите на Република Северна Македонија веднаш.

Воспоставувањето на базните станици, како опреми за скратување на постапката на издавање на патни исправи во наши дипломатски и конзуларни претставништва е дел од повеќедимензионалните напори на Министерството за надворешни работи за унапредување на услугите за нашата дијаспора во светот.

Слични содржини