„Враќање на Груевски во Македонија и соочување со правдата е унапредување на односите со ЕУ!“

од Берта Китинска
3,2K прегледи

И по речиси три години од бегството на Никола Груевски сѐ уште не е познато кој му помогна на екс премиерот да ја напушти државата и тивко и неприметно да замине во Будимпешта. Со навршувањето на трите години во бегство на Груевски му истекува и азилот кој го доби од Унгарија. Односно, наскоро, државата во која е гостин, повторно ќе мора да се одлучи дали и понатаму ќе му обезбеди прибежиште.

За тоа дали постои  шанса тој да се врати во земјава, ако победи ВМРО-ДПМНЕ, Петар Богојески од Македонски концепт  вели дека очекува екс премиерот да дојде во земјава и да расчисти со македонската правда.

„Јас не очекував да избега, поточно да му дозволат да избега, а не дали ќе се врати. Треба да се врати и да се расчисти со македонската правда!“, смета тој.

Поранешната пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓулистана Марковска  во разговор за „Локално“ објаснува  дека без оглед на тоа  кој е на власт ,затворската казна и судските процеси кои се водат против него нема да го натераат  да се врати во земјава.

„Со оглед на тоа дека има правосилна судска пресуда  со затворска казна,  а го очекуваат и други судски процеси за други дела не очекувам да се врати Груевски во Македонија ,освен ако процесите што се водат против него не застарат или дадената па повлечена амнестија за поединци, судот во Стразбур ја прогласи за вазжечка.Колку што се сеќавам тој се откажа од истата ,меѓутоа во правните лавиринти се е можно“, смета Марковска.

Во врска со тоа дали  би се испочитувале неговите  судски пресуди, доколку на чело на МВР застане човек на ВМРО, промотерот на Македонски концепт вели:

„Па и сега на чело на МВР е човек на ВМРО, поточно кохабитатор со груевистите. Не гледам разлика“.

За Марковска  таа состојба нема да донесе никакви промени освен што:  „владата  нема да функционира т.е ќе работи како “рогови во вреќа”

„Доколку на чело на МВР застане кадар на ВМРО-ДПМНЕ,согласно пржинскиот договор ( се откажаа и двајцата лидери од таа одредба после изборите?!) , не очекувам никакви промени освен што Владата  нема да функционира т.е. ќе работи како “рогови во вреќа”, смета поранешната пратеничка.

Богојески смета дека  враќањето на Груевски би било унапредување на односите со ЕУ.

Враќање на Груевски во Македонија и соочување со правдата е унапредување на односите со ЕУ!“ , смета  тој.

Според Марковска  земјава е прилично  уназадена со лошото рангирано судство ,високо распространета корупција по оценките на ЕУ.

„ И многу други наши недоследности ,меѓутоа најголемо разочарување е недоследноста на ЕУ  за почеток на преговорите. Повеќе од јасно е дека ЕУ не сака проширување односно не постои политичка волја за тоа.Најголема жртва е сепак премиерот Заев ,бидејки не го  „урнаа” граѓаните ,сепак се само локални избори ,туку недоследноста на ЕУ кон човек кој слепо верува во нејзиниот вредносен систем ,кој за жал попушти кон Македонија.Тоа во блиска иднина ќе го зголеми евроскептицизмот и ќе ги зголеми туѓите влијанија на други сили кај нас,“ објаснува таа.

На прашањето дали  доколу ВМРО-ДПМНЕ е на власт, Мицкоски ќе  дозволи Груевски да се шета слободно во земјава, првиот човек на Македонски концепт вели дека судот треба да си ја тера правдата, а политичарите да си ја тераат политиката.

„Не треба Мицкоски тоа да го дозволува, туку Судот! Кој е Мицкоски да кажува кој ќе се шета слободен или не?!? Време е политичарите да си гледаат политиката, а Судот да тера правдата“, смета  Богојески.

Според  Марковска  доколку екс премиерот е слободен граѓанин без пресуди може да оди кај сака.

„Нема што да си дозволи или не Мицкоски сам да одлучува за судбината на Груевски,Ако  е тој слободен грагјанин без пресуди ,ќе оди кај сак. Се поставува суштинското прашање зошто тогаш Груевски не би се вратил на претседателската функција во ВМРО-ДПМНЕ“, коментира таа.

Б.М.

Слични содржини