210
Утрово во општина Кисела Вода повторно е вратен знакот „Ја сакам Кисела Вода“, кој беше отстранет кон крајот на октомври минатата година по налог на Град Скопје. Фотографија од знакот сподели градоначалникот на општината, Орце Ѓорѓиевски.
Тој на својот Фејсбук профил објави слика како стои до споменатиот знак. Засега не е познато дали враќањето е по налог на општината.
Град Скопје во октомври лани го урна знакот „Ја сакам Кисела Вода“ поставен на пешачкиот остров меѓу улицата Народни херои и булеварот Борис Трајковски. Овој знак беше поставен кон средината на јуни за да се разубави општината.