Опиеноста од изборната победа одлета, а “Сириза” падна од облаци на земјата – кај бројките и фактите. По замолкнувањето на фанфарите, на Грција треба да и ‘се помогне, пишува во својот коментар Бернд Ригерт.

Едно мора да и се признае на новата грчка влада: учи брзо. Само пред една недела победниците во грчките избори се правеа многу силни и ги шокираа партнерите во Европа со неостварливи барања за отпис на долгот, за укинување на контролата и за независност на божем поробените Грци. Потоа сепак новиот премиер и неговиот министер за финансии ги отворија сметководствените книги,ги разбраа бројките и тргнаа да разговараат со доверителите во Рим, Париз, Лондон, Брисел, Франкфурт и Берлин. И нејќејки – почнаа да ја менуваат својата позиција и да се доближуваат до политичката реалност.
Врз основа на ова веќе може и треба да се разговара. Компромисот мора да е можен – во интерес на Грција и на целата еврозона. Алексис Ципрас мрмори нешто за договор во взаемен интерес. Канцеларката Меркел се радува дека идната недела ќе се сретне со човекот којја фрли Европа во ужас, а своеволниот атински министер за финансии Јанис Варуфакис зборува дури и за “Меркел-план” за обнова на Грција. Каков неочекуван пресврт!
Со други зборови – климата се пооправи. Време е веќе на маса за преговори да се стават фактите и конкретните предлози. За простување на грчкиот долг веќе не станува збор – тоа го признава дури и самиот Варуфакис. Пак и во моментов отпишувањето нема да доведе до ништо, бидејќи грчкиот долг б ќе се плаќа околу 32 години при ниски камати. Значи дека реструктуирањето на долгот на долгорочен план може да го ублажи грчкиот буџет.
За да се случи тоа, Грција најнапред треба предвремено да го отплати релативно скапиот кредит даден од ММФ. Тоа може да го стори, ако земе многу профитабилен заем од европскиот “спасувачки чадор”. Но така практично ќе стартува трета по ред средна програма за Грција, каква што Владата во Атина засега категорично отфрла. Наместо неа министерот за финансии даде еден смешен предлог: Најстариот грчки долг да се трансформира во бесконечни обврзници. Ова, се разбира, е законски невозможно и премногу ризично за доверителите. Грција може да го откупи овој стар долг, но сепак со помош на профитабилен заем од “спасувачкиот чадор”.
Алтернативата – државен банкрот
Засега Европската централна банка им го доделува на грчките банки потребното за опстанокот на Грчкото финансирање, односно на државата, која во голема мера ги поседува банките. Но ЕЦБ ќе продолжи да го прави тоа само ако Грција повторно влезе во уште една програма под “спасувачкиот чадор”. Каде и да го погледне, грчката влада има итна потреба од помош на европските и меѓународни институции, инаку во рок од само неколку недели, најмногу месеци, Грција ќе се покаже несолвентна. Алексис Ципрас и неговиот тим видливо веќе го разбрале и сите делуваат во согласност со тој став.
Од Атина се слушаат благозвучни ветувања дека реформите ќе продолжат, а даночниот систем ќе стане поефикасен и поправеден. Чекаме сепак дела, бидејќи времето си тече. Најдоцна до 28-ми февруари Грција треба да поднесе барем привремен (но убедлив) план за заздравување на економијата. Инаку ЕЦБ може да ја затвори чешмата многу побрзо отколку што Варуфакис мисли. Уште пред победата на “Сириза”, од Грција започна огромно истекување на капитал. Точно дека луѓето гласаа за радикален пресврт, во исто време, сепак за секој случај ги повлекоа своите пари од банките. За да останат платежни, две грчки банки веќе имаат потреба од итни вонредни кредити од ЕЦБ.
И други можат да си побараат
Само десет дена по изборите, владата во Атина треба сериозно да се стресува од такви факти. Но еврогрупата исто така треба да се направи нешто за да не дозволи банкрот на Грција. Земјите од еврозоната немаат којзнае каков простор за маневри, едноставно затоа што секоја попуст за Атина ќе даде право на Португалија, Ирска и Кипар (тие исто така се наоѓаат под “спасувачкиот чадор”) исто така да сакаат промена на условите.
Највозбудливите прашање во моментов гласи: како точно премиерот Ципрас ќе им го “продаде” на своите гласачи фактот дека се враќа кон реалната политика. Очекувањата на сиромашните Грци се огромни. Односно, на владата итно и требаат успеси, уште повеќе, дека необичната коалиција меѓу екстремната левата “Сириза” и крајно десничарската “Анел” веќе се гуши. Десницата не сака да го гласа Законот за државјанство, предложен од левите. Ако Ципрас не успее да подарите барем еден дел од ветените социјални бенефиции, неговата влада наскоро ќе се соочи со сериозни тешкотии.