„Вреди“: Благодарение на ДУИ, Сашо Мијалков се шета во Монако

од Milan1
28 прегледи

„Деновите минуваат, а на ДУИ нон грата им излегуваaт на површина валканите работи против Албанците. Денеска пред вас го креваме гласот за еден од следните скандали кои ја погодија правдата и интегритетот на институциите во нашата земја, велат од владејачката коалиција „Вреди“.

„Случајот со предвременото ослободување на поранешниот директор на ДСК Сашо Мијалков, личност позната по злоупотребите и оштетувањата на Албанците, е најјасен доказ за заробувањето на правосудниот систем од политиката, во овој случај од ДУИ нон грата. Директорот на струшкиот затвор, кадар на ДУИ, Ваљон Ќура, направи скандалозен извештај, каде со суперлативи зборува за однесувањето на Мијалков, цитирам: “Истиот се појавувал како внимателна и одговорна личност, со прифатени норми на морално однесување и целосно се придржувал кон пропишаните законски одредби. Во средината за престој манифестираше примерно однесување, приспособливост, умерени релации со другите осудени лица, коректен однос со службените лица вклучени во процесот на ресоцијализација“, велат од „Вреди“.

„Кадарот на ДУИ, Ваљон Ќура со овој извештај практично ја создаде основата на одлуката на Апелациониот суд. Апелациониот суд, врз основа на извештајот на директорот на затворот, одлучи Мијалков да го ослободи седум месеци пред истекот на казната, а тоа е причината поради која тој денеска е во Монако со Ферари. Оваа одлука е чист пример за злоупотреба на правосудниот систем и институциите за политички интереси, но во исто време уште повеќе ја докажува коалицијата Али Ахмети-Артан Груби-Енвер Беџети и Сашо Мијалков. Сомнежите дека ДУИ вршела притисок врз судството и институциите да го фаворизираат ослободувањето на Мијалков се потврдија и од американскиот Стејт департмент. Ова покажува повторен модел на заробување институции, каде моќните луѓе се заштитени, додека обичните граѓани се соочуваат со неправда, особено Албанците. Како е можно човек како Сашо Мијалков, познат по штетите што им ги нанесе на Албанците и граѓаните, да биде ослободен со ваков сомнителен извештај?! „Вреди“ бара целосна и независна истрага за улогата на директорот на струшкиот затвор Валон Ќура, судиите и сите служвени лица вклучени во овој случај. Ги повикуваме граѓаните, граѓанскиот сектор и медиумите да останат будни и да не дозволат овој случај да помине неказнето. Доказите зборуваат. Слободата на Сашо Мијалков ја донесе Артан Груби, со дозвола на Али Ахмети. Значи, Али Ахмети со својата маша, нон грата Груби, направија се Мијалков да ужива во слободата“, се додава во соопштението.

Слични содржини