ВРЕДИ: Бујар Османи кандидат на Фронтот на руските и српските олигарси

од Vladimir Zorba
194 прегледи

„Нашата земја е членка на НАТО. Но, од големо значење е прашањето, кој им ја отвори вратата на нашата држава на руските и српските олигарси? Пратеникот на ДУИ познат како „Пуцко“, Исмаил Јахоски, половина од бензинските пумпи што ги поседува, ги има од Лукоил, големата руска компанија поврзана со Путин. Самиот Пуцко добива речиси половина од тендерите, но заедно со Лукоил тој го добива најголемиот дел од тендерите од јавните институции и од министерствaтa. Прпарим Бајрами од ДУИ, директор на Лотарија, еден од своите бизниси, ресторанот во Куманово го има токму кај Лукоил, на автопат. Бизнисот со казината, кој го штитат и промовираат истакнатите личности од ДУИ, го води српското подземје“, се вели во денешното соопштение на ВРЕДИ.

Самиот Бујар Османи бил вклучен во лиценцирањето на казината, а за ова има и документ потпишан од него, во лиценцирањето на Мијалков. Фронтот на ДУИ заслужува да се нарекува Фронтот на руските и српските олигарси.

Кога тие велат Не на Русија, Не на Србија и Не на Кина, да потсетиме: Од 2002 година во РСМ влегле повеќе од 70 компании со руски капитал. Годишниот приход на овие компании е над 200 милиони евра. Нормално, се поставуваат прашањата:
– Кој беше на власт и кој дозволи влез на ЛУКОИЛ во РСМ?
– Кој е деловен партнер со ЛУКОИЛ?
– Кој беше на власт и кој дозволи влез на ТЕ-ТО во РСМ?
– Кој беше на власт и кој им го продаде BUCHIM на Русите?
– Кој беше на власт и кој му дозволи на Сергеј Самсоненко (Хотел „Русија“, „Сис инвестмент груп“) да инвестира во РСМ?
– Кој беше на власт и кој му дозволи на рускиот бизнисмен Олег Викторович Бојко, кој е на американската црна листа, (Iute Credit и Forca – брзи кредити) да инвестира во РСМ?
– Кој беше на власт и кој му дозволи на Николај Токарев (MAYA) да инвестира во РСМ?
– Чиј син на висок функционер на ДУИ е претставник на Huawei за Северна Македонија?
– Кој донесе посебен закон во Собранието со цел автопатот Кичево – Охрид да и се даде на кинеската компанија Синохидро?
– Кој го внесе српското подземје во РСМ со бизнисот со казината?
– Кој го лиценцираше српскиот Моцарт?

Одговорите на овие прашања се познати, Фронтот на руските и српските олигарси. За среќа, нивниот мандат истече, времето на ДУИ заврши. Промената доаѓа, промената ВРЕДИ!“, додаваат оттаму.

Слични содржини