ВРЕДИ: Началникот на СВР Тетово го избркал советникот на министерот за внатрешни работи

од Nikola Popovski
274 прегледи

Од коалцијата ВРЕДИ денеска обвинија дека началникот на СВР Тетово, Шефик Бајрами во текот на денешниот ден постапил спротивно на своите овластувања.

-Иако според Пржинскиот договор за формирање на техничка влада, изборите се организираат во координација меѓу функционерите на партиите од власта и опозицијата, началникот на СВР Тетово тоа не го почитува. Го прекршува законот со одбивање на секоја писмена наредба на министерот за внатрешни работи. Тој денеска во штабот на СВР Тетово го избркал советникот на министерот кој со допис бил назначен од страна на министерот и да биде дел од штабот, за да се грижи за безбедноста на изборниот процес, соопштија денеска од ВРЕДИ на прес-конференција.

Како што обвинуваат, Бајрами ја земал писмената наредба, го сликал советникот, а потоа телефонски разговарал со некое лице, од кое добил наредба, како што велат, сите полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот.

-Тогаш Шефик Бајрами му се обратил на советникот со зборовите дека „итно мора да го напушти седиштето“. Го повикуваме министерот за внатрешни работи итно да преземе мерки против началникот и итно да постапи во Тетово и во ИЕ6, додаде Башким Асами, член на ВРЕДИ.

Слични содржини