Партиjата нон грата ДУИ, оваа лоша копија на Груевски, во својот очај како изолирана партија, ги користи и најболните случаи само за да го нахрани сопственото гнасно его. Кога беше време да застанат зад здравството, ДУИ се скрија зад своите афери и корупциски шеми, покажувајќи дека за нив власта е поважна од животот на народот. Денеска не им остана лице да бараат одговорност, бидејќи ги наследивме последиците од нивното водство додека работиме на санирање на тие проблеми, велат од ВРЕДИ.
– Станува збор за истата партија која поради својата корумпираност предизвика смрт на 14 граѓани во модуларната болница во Тетово.
Ова е истата партија која две децении држеше во неизвесност илјадници здравствени работници, држејќи ги на привремени договори и злоупотреба ги како изборни алатки.
Но, со Таравари задолжен за здравство, оваа срамна практика завршува! Завршува нивната неизвесност, почнувајќи од систематизацијата на над 1.000 здраствени работници!
Фактите не лажат. Откако ВЛЕН ја презеде одговорноста за здраството, работите почнаа да се менуваат. За прв пат по 15 години е ажурирана позитивната листа на лекови, со што се олеснува товарот на илјадници пациенти. Само годинава, благодарение на заложбата на министерот Арбен Таравари, се примени 300 нови специјализанти, а следната година ќе бидат примени уште 300.
ДУИ нон грата го остави здравството во “клиничка смрт“, но сега се враќа во живот, благодарение на посветеноста и визијата на Таравари.
Граѓаните ја видоа разликата, тие што уништуваат и тие што градат. ВЛЕН е одлучен во својата заложба за градење на животот во нашата земја и немаме намера да застанеме и да ги слушаме муабетите на оние кои со години уништуваа сè што им доаѓаше на патот, се вели во сооптението на ВРЕДИ.