Вредна бесрамност

од Vladimir Zorba

Ви пренесуваме дел од колумната на Горан Михајловски за СДК:

goran-mihajlovski[1]

1. Никола Груевски изјави дека „Јанева е далеку од нашите очекувања“. Па нормално. Сигурно Марко Зврлевски е поблиску до неговите очекувања. Поради таа близина и ја добивме Катица Јанева. И нормално е дека Јанева е далеку од неговите очекувања. Сигурно не очекувал дека баш тој ќе биде првиот обвинет. И тоа само за некои шамари.

2. Туку, ај што Груевски се жали од Катица, јасно е. Сте чуле ли некогаш некој обвинет да биде задоволен од обвинителот? Ама, зошто неговите пратеници се жалат од специјалната обвинителка? Како ја нападнаа, се однесуваат како тие да се повеќе криви од обвинетиот лидер. Ако снимките што ги слушавме биле монтирани, лепени, сечени, тогаш зошто толку лично ја сфаќаат работата на СЈО па се однесуваат како тие да се виновни и под истрага? Дури и за работи кои ги немавме слушнато во бомбите. Како жестоко се бранат, небаре тие се виновни за целото зло во Македонија.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напаѓаат Катица затоа што таа треба да го открие и да го казни тој што нив ги прислушувал. Се уплашија ли Катица да не го открие тоа во што тие се сомневаат? Дека нивниот шеф ги прислушувал? И сега ја напаѓаат Катица, оти нејзината работа ги соочува со нивниот најголем страв. И срам. Дека ги прислушувал тој кому што тие верно му служат.

Однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието последниве три дена со сослушувањето на Специјалниот обвинител личи на македонска верзија на Стокхолмски синдром. Кога жртвата на киднапирање сочувствува и се зближува со киднаперот.

Иако, не верувам дека е Стокхолмски синдром. Верувам дека се работи за елементарна студена пресметливост. Дека ќарот што пратениците го имаат од партијата е многу поголем од срамот дека ги контролирал баш тој кому тие му се верни до гроб.

3 Впрочем, кој тука зборува за срам? Тој поим е избришан од општествената свест. Запамтете. Немаат срам! И нема ни да имаат срам! Оти се убедени дека не треба да имаш срам. И тоа е едно од клучните наследства од владеењето на оваа гарнитура. Не е срамота да бидеш бесрамен. Не само што не е срамота, туку успех е да бидеш бесрамен. Тие бесрамноста ја дигнаа на ниво на врвна вредност.

Целата колумна на СДК на следниот линк.

loading...

Слични содржини