Вредноста на компанијата скокна за 50 отсто, Џек Ма продаде акции и го намали уделот

од Stefanija Kuzmanovska

Џек Ма, основачот на „Алибаба“, продаде дел од акциите во таа кинеска компанија за е-трговија за неколку милијарди долари, бидејќи нивната вредност скокна за скоро 50 отсто, пишуваат странските медиуми.

Ма, кој е еден од најбогатите Кинези, со тоа го намали сопствениот удел во „Алибаба“ од 6,2 на 4,8 проценти, според годишниот извештај на компанијата за 2019 година, но не е прецизирано кога го сторил тоа ниту за колку пари.

Сепак, се проценува дека според сегашната пазарна цена, тој удел на акции е околу 8,2 милијарди долари.

Ма поднесе оставка минатата година од позицијата претседател на Извршниот одбор на компанијата на возраст од 55 години, велејќи дека ќе го посвети своето време на филантропија.

„Алибаба“ во мај објави дека нејзините дигитални платформи сега претставуваат една шестина од вкупната продажба на мало во Кина и дека очекува уште поголем раст затоа што пандемијата на Ковид-19 им донесе уште повеќе клиенти преку Интернет.

Во моментов „Алибаба“ вреди околу 705 милијарди долари, што ја прави повеќе вредна компанија од „Фејсбук“.

Слични содржини