И покрај неизвесната економска состојба, многу акции, а со тоа и индекси, продолжуваат да растат, бидејќи инвеститорите се подготвени да преземат ризици со пониски каматни стапки.
Централните банки се на нивна страна со фантастични количини новопечатени пари, а фаворити на пазарот се уште се акциите на „Тесла“.
Откако компанијата на 11 август објави дека планира да ги подели своите акции во однос 1:5 на крајот на овој месец, нивната цена скокна за скоро 50 проценти и достигна 2.100 долари, а пазарната капитализација стигна до близу 400 милијарди долари, што е за четири пати повеќе од вкупната вредност на три автомобилски гиганти во Детроит (ГМ, Форд, Фиат Крајслер).
Повеќето аналитичари на Вол Стрит веруваат дека акциите се преценети и предвидуваат пад на цената, но во минатото секогаш се покажало дека инвеститорите кои се обложуваат на падот на акциите на „Тесла“ подоцна се каат заради тој потег.