Сега е време да почнеме сериозна работа на стратегијата за превенција на конфликти и резолуција за Македонија, е пораката која Карл Билд, поранешниот
шведски премиер и добар познавач на работите на Балканот, која синоќа ја објави на Твитер.
Ова, според одредени медиуми, може да се толкува дека еврокомесарката Федерик Могерини конечно го пронашла најавениот посредник на ЕУ за кризата во Македонија
Сепак за ова нема официјална потврда, особено што во дипломатските кругови се шпекулираше дека се договараат двајца дипломатски булдожери , Франсоа Леотар и Карл Билд, но дека се презафатени со гаснење на други пожари, и свои ангажмани. Така што оваа порака на Билд може да се протолкува и како предуредувачка порака до Брисел, дека токму во овој момент треба да почне „булдожер дипломатијата“.
Пред некое време имаше најави да биде вклучен и поранешниот преговарач од конфликтот во 2001 Питер Фејт, но тој бил неприфатлив за власта , со објаснување дека го носел оружјето за „учките“ и целата играрија со опсадата кај Арачиново.
Како и да е кризата во Македонија е и политички и безбедносно опасна и заради крајно спротиставените позиции на власта и опозицијата, можни нови атаци и дестабилизација од косовските криминални банди,па одтаму не е исклучен и ангажман и на Меѓународната кризна група.
Во секој случај додека европските преговарачи се фемкаат, и сомнежот за купеност на ставовите на голем дел од меѓународната „експертска бриселска ергела“, не се исклучува вклученост и на американски посредник, се во интерес на спречување и побрзо изнаоѓање решение за надминување на кризата.
Вчера портпаролката Маја Коцијанчиќ не потврди дали ЕУ ќе испрати специјален претставник за ситуацијата воо Македонија, откако претходно беше најавено дека токму за вчерашната лидерска средба во Скопје тој ќе биде тука. Преговарач немаше како што и официјално засега нема потврда кој или кои двајца ќе ја спречуваат кризата во која не внесе владењето на актулената Власт на Груевски како последица на „бомбите“ на опозицијата, насловени „ Вистината за Македонија“
