Време е да се разговара за идентитетот на Албанците да станат дел од правните норми на нашата земја, порача Тачи

од Nikola Popovski
256 прегледи

Мислам дека станува збор за уставните измени. Се надевам со добар дијалог ќе постигнеме договор, бидејќи друг пат и начин немаме за да го деблокираме евроинтеграцискиот процес. БЕСА за мене се се уште дел од коалицијата „Можеме“ со СДСМ. Многу е лошо кога книгата која ја вие пишувате ќе ја предава некој на друг универзитет. Тоа е крадење на платформа и идеја, изјави изјави лидерот и пратеник на ДПА, Мендух Тачи пред почетокот на лидерската средба во Собранието.

Тој смета дека е време јавно да се разговара за идентитетот на Албанците да станат дел од правните нормни на нашата држава.

-Мислам дека не е моментот за услови и уцени и трето не е моментот да се дава оружје на рака на противниците на интеграциските процеси. Разговарав со Ахмети за оваа тема, но ние немаме никаков услов и тоа треба јасно да каже, рече Тачи.

Слични содржини