Време е Орбан да си замине, бараат од ЕПП

од Nikola Popovski
92 прегледи

Европската народна партија (ЕПП), во чија групација е и ВМРО-ДПМНЕ, побараа унгарскиот премиер Виктор Орбан да си замине од функцијата со цел Унгарија да се врати назад, поблиску до Европа.

„Време е да ја вратиме Унгарија поблиску до Европа и да ѝ дадеме шанса да се опорави од лошото лидерство“ се вели во објавата на ЕПП на социјалните мрежи.

Тие порачуваат дека време е Виктор Орбан да си оди.

Партијата на Орбан, Фидеш беше дел од групата на Европски народни партии до март оваа година, кога тој се повлече од групата, пред сестринските партии да гласат за нивно исклучување. ЕПП имаа замерки за назадувањето на демократијата и владеењето на правото во Унгарија.

Судирот меѓу ЕПП и Фидес трае со години, а се интензивираше по навредите против поранешниот претседател на Европската комисија и член на ЕПП, Жан-Клод Јункер.

Политиките на Орбан, како рестриктивните закони за азил и законодавството насочено против невладините организации и независното судство, го доведоа Орбан во судир со ЕПП, но и со Европската комисија. Тој, пак, ја обвинува ЕПП дека застранила од конзервативните вредности. Членството на Фидес во ЕПП беше суспендирано од 2019 година, но досега, нејзините 12 европратеници делуваа во рамките на парламентарната група на конзервативците.

Слични содржини