Време е за обединување околу европскиот пат, велат од СДСМ

од Vladimir Zorba
147 прегледи

СДСМ им се благодари на сите граѓани, членови, активисти, спимпатизери, на сите поддржувачи на прогресивните политики што носат напредок и европска иднина.

„Масовноста на големата национална трибина на СДСМ „Силно и одлучно кон иднината“ во Скопје и позитивната енергија говори за големата поддршка, солидарност, за бескомпромисната посветеност и преданост на нашата визија за европска, економски силна и напредна држава за сите граѓаните.

Европска Македонија е единствена и сплотена, силна и одлучна. Време е за обединување околу европскиот пат.

Сега кога конечно тргнавме напред кон европската иднина, да се обединиме, за да продолжиме многу побрзо, со стабилност, извесност и чувство за национална гордост и важност.

Заедно да покажеме дека европската интеграција ни е приоритет, затоа што значи ред и поредок, економски стандард, безбедност и подобар и побогат живот.

Да покажеме дека македонското име, македонскиот јазик се конечно обезбедени и никој повеќе нема и не смее да ги оспорува.

Да покажеме дека со многу работа, врвна чесност и максимална одговорност ќе направиме подобра, европска иднина за граѓаните.

Ова е време, шанса конечно да ја средиме државата, време е за целосен општествен консензус за европскиот пат и европската иднина.

СДСМ како најголема, најсилна и државотворна партија е гарант на европската иднина, на економски силна и просперитетна држава“, се вели во соопштението на СДСМ.

Слични содржини