Владата донесени конкретни мерки и одлуки кои се однесуваат на сите буџетски корисници.
-Сите буџетски корисници и единки корисници се задолжени да ги намалат расходите за стоки и услуги за 10 отсто и да достават соодветен предлог за рационализација на трошоците до Министерството за финансии најдоцна до 21 март. Мерките за рационализација забрануваат започнување на нови постапки за набавка на мебел и возила, освен за неопходните активности за работењето на институцијата по претходна согласност од Владата, се наведува во соопштението од Владата.
Владата ги задолжи сите буџетски корисници и правни лица основани од државата, за 50 проценти да ги намалат расходите за репрезентација, спонзорства и реклами, како и користење на службените возила задолжително.
-Сите буџетски корисници и единки корисници добија задолжение да го намалат бројот на службени патувања и значително да се намали бројот на членови на делегации при патувања во странство. Јавните претпријатија и АД во државна сопственост се задолжени да ги намалат тековните расходи за 15% и за тоа да ја известат Владата во рок од 15 дена, се наведува во одуката.