Време од денот кога сме под најголем стрес

од Stefanija Kuzmanovska
278 прегледи

Наутро обично имаме многу обврски, а често немаме доволно време за нив.

Нè нервираат гужви, премалку места за паркирање, доцнење на автобуси, деца кои тешко се будат и бавно се подготвуваат за на училиште, домашно милениче кое мора да се прошета надвор, кошула што треба да се пегла… па воопшто не е чудно што 7.23 часот е најстресното време од денот.

Токму тоа го заклучиле научниците од Англија по истражувањето во кое биле прашани 2.000 возрасни луѓе кога чувствуваат најголем стрес.

А поради постојаните утрински стресови, кои влијаат и на нашата дневна продуктивност и го загрозуваат нашето здравје, пресметале дека тоа е во просек во 7:23 часот.

Интересно е што луѓето чувствуваат стрес уште пред да ја доживеат својата прва дневна „драма“.

Жените обично се среќаваат со својата прва пречка во денот малку порано од мажите, во 7:50 часот наутро, додека мажите со првиот утрински проблем се соочуваат околу еден час подоцна, во 8:43 часот.

Покрај тоа што негативно влијае на менталното здравје, хроничниот стрес може да предизвика или влоши многу болести и состојби, вклучувајќи кардиоваскуларни болести, автоимуни состојби, дијабетес.

Постојат многу методи за опуштање од стресот кои е добро да се научат и применуваат, а најважно е да разбереме на што не можеме да влијаеме, а потоа да бидеме помалку нервозни за тие работи.

Слични содржини