Денеска осми мај ќе се започне со градежни активности на објект: Поставување на заштитна звучна ограда на автопатот А2, делница Скопје -Тетово. На трасата на која ќе се изведуваат градежните работи ќе има времен режим на сообраќај, информираат од АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
-Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, стои во соопштението.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.