Времен сообраќај на улица „Орце Николов“ во Дебар Маало

од Nikola Popovski

Општина Центар во текот на утрешниот ден на 2.3.2024 година, сабота, ќе го санира кружниот тек во Дебар Маало на улица „Орце Николов”, поради што граѓаните се известуваат дека во периодот од 8:00 до 15:00 часот ќе има времен режим на сообраќајот.

Сообраќајот ќе се одвива од улица „Коле Неделковски” до улица „Ленинова” во една насока.

Општината бара од сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да се прилагодат на времениот сообраќај во текот на утрешниот ден.

Слични содржини