Временска прогноза

од Vladimir Zorba
83 прегледи

 

Времето во Македонија ќе биде сончево време со мала до умерена локална облачност.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до минус шест степени,а дневната од седум до 14 степени.

Во Скопје ќе биде сончево време со мала до умерена локална облачност.

Утринската температура до минус три, а дневната ќе достигне до 13 степени.

До сабота по котлините ќе има услови за појава на утринска магла. За време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со поврeмени локални врнежи од дожд, кои во недела на места ќе бидат со умерен интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе преовладува релативно топло време, благо опаѓање на дневните температури ќе има во недела и понеделник.